ПРОГРАМА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НЕЗАВИСНИТЕ МЕДИУМИ ВО МАКЕДОНИЈА (ЗНММ) ПРОЕКТ: СЕРВИС ЗА ПРОВЕРКА НА ФАКТИ ОД МЕДИУМИТЕ

 

Датум на започнување: 10 октомври, 2012 г.  
Датум на завршување:  10 април, 2015 г. 
Буџет на проектот:  $ 198.089
Имплементатор:  Фондација за интернет и општество Метаморфозис

Цели

Целта на Програмата за зајакнување на независните медиуми е да го зголеми легитимитетот на медиумите и да ја зајакне слободата на изразување, овозможувајќи им на новинарите да ја намалат нивната подложност на политичко, економско и правно заплашување. Програмата се состои од три проекти:

  1. Сервис за проверка на факти од медиумите
  2. Истражувачко новинарство и соработка меѓу медиумите и граѓанското општество
  3. Правна реформа на медиумите и одговорни медиуми

Проект 1

Сервисот за проверка на факти од медиумите има за цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални стандарди, преку обезбедување онлајн-алатки и ресурси за јавна едукација и подигнување на јавната свест. Намената на онлајн Сервисот за проверка на факти од медиумите е зголемување на побарувачката на граѓаните за објективни вести и информации засновани на факти и професионални новинарски стандарди.


Очекувани резултати/Влијание

Сервисот за проверка на факти од медиумите обезбедува професионални анализи на содржините во медиумите, како и едукација на јавноста преку работата на тимот од искусни новинари, експерти од релевантните области, колумнисти и блогери. Граѓанските организации кои имаат заштитна улога во оваа област се фокусираат на статии со теми од областа на човековите права. Новинарите пишуваат рецензии и ја оценуваат точноста и вистинитоста на објавените информации врз основа на достапните извори, а Сервисот ги вклучува граѓаните во јавна дебата преку друштвените медиуми.


Информации за контакт

Контакт лице од USAID:             Слаѓана Србиноска, AOR ssrbinoska@usaid.gov
Раководител на проектот:        Филип Стојановски filip@metamorphosis.org.mk
Службеник за комуникации:   Владимир Петрески,vladimir@metamorphosis.org.mk
Веб страна:                                  http://mediumi.vistinomer.mk