Датум на започнување: 20 декември 2012 г.
Времетраење: 17 јуни 2015 г.
Предвиден буџет на проектот (времетраење на проектот): $ 412.984
Го спроведува: Balkan Investigative Network Reporting (BIRN)
|
ЦЕЛИ
Целта на целокупниот проект SIMM е да ја зголеми легитимноста на медиумите и да ја унапреди слободата на изразување преку зајакнување на позицијата на новинарите со цел да се намали нивната чувствителност на заплашување од политичка, економска и законска природа. Проектот се состои од три компоненти:
1. Проверка на медиумски факти
2. Унапредување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите и зајакнување на истражувачкото новинарство
3. Реформи на законската рамка за медиумите и одговорни медиуми
КОМПОНЕНТА 2:
Компонентата на SIMM за унапредување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите и зајакнување на истражувачкото новинарство има за цел да го премости сегашниот јаз меѓу новинарите и граѓанските организации за теми од јавен интерес. Оваа компонента воспоставува партнерски односи меѓу медиумите и граѓанските организации кои ќе овозможат долготрајна соработка и ќе обезбеди подобри и позначајни информации за јавноста, со кои ќе можат да се донесуваат одлуки базирани на информации.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ/ВЛИЈАНИЕ
- Работата на граѓанските организации ќе биде повидлива во медиумите, а истовремено ќе се зголеми легитимноста на медиумите, бидејќи тие ќе обезбедуваат повеќе информации за јавноста. Линијата на комуникација меѓу медиумите и граѓанските организации ќе биде многу појасно дефинирана. Служејќи како фактички извор, граѓанските организации ќе обезбедуваат за новинарите информации од јавен интерес, кои ќе помогнат да се изгради професионално, објективно новинарство, засновано на информации.
- Вештините на новинарите, знаењето и капацитетите ќе се подобрат преку користење на нови алатки, менторство, едукација и подостапни финансиски ресурси за истражувачки стории. Новинарите ќе имаат можност да ги објавуваат нивните истражувачки стории на постојните доверливи веб-страници, да ги презентираат на телевизија или да ги објавуваат во печатените медиуми.
Информации за контакт
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.