Проекти на УСАИД ќе ги помогнат инвестициите во обновлива енергија и ќе им помогнат на индустриите да ги намалат трошоците за енергија

Проекти на УСАИД ќе ги помогнат инвестициите во обновлива енергија и  ќе им помогнат на индустриите да ги намалат трошоците за е
Проекти на УСАИД ќе ги помогнат инвестициите во обновлива енергија и ќе им помогнат на индустриите да ги намалат трошоците за енергија

For Immediate Release

Wednesday, December 4, 2013
Билјана Величковска
+38970367547

На 4ти декември 2013, во Скопје, УСАИД промовираше два нови проекти во секторот енергетика – Проектот за инвестиции во чиста енергија, и Проектот за индустриски менаџмент.

“Со инсталирањето на модерни системи за управување со енергија, компаниите ќе можат подобро да ја регулираат потрошувачката на енергија, и да донесат стратегиски одлуки за надградба на нивната енергетска ефикасност. Заштедата на енергија, всушност значи заштеда на трошоци,” изјави Пол Волерс, Амбасадор на САД во Македонија. Тој исто така истакна “Добрите владини политики може да потикнат и да стимулираат ваков тип на зелени инвестиции и да создадат нови индустрии.”

Проектот за индустриски менаџмент се фокусира на зголемување на конкурентноста на индустриските компании преку имплементирање на  системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија во нивните производни погони,  со кофинансирање од страна на Проектот и воведување на систематски пристап во  управувањето со енергијата базиран на меѓународни стандарди. Овој проект ќе им помогне на компаниите во подготовката на проекти за енергетска ефикасност прифатливи за финанските институции, ќе обучи домашни инженеринг компании за инсталирање и одржување на системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија и ќе организира работилници и тркалезни маси за претставници на индустриски компании на теми поврзани со најдобрите практики за енергетската ефикасност.

Проектот за инвестиции во чиста енергија ги поддржува напорите на Владата на Република Македонија да се зголемат инвестициите во производство на енергија од обновливи извори, и да се намали вкупната потрошувачка на енергија и емисија на стакленички гасови. Овој проект ќе обезбеди техничка помош за поедноставување на процедурите и процесите за инвестирање и развој на проекти за обновлива енергија, како и воспоставување на процедури за ниско-емисионо развојно планирање.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА УРЕДНИЦИТЕ    

Од 1993 година Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано над 500 милиони долари во Македонија.  УСАИД имплементира проекти кои креираат работни места, ги зајакнуваат демократските институции и практики, го засилуваат интегрираното образование, и ги подготвуваат студентите да станат успешна работна сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во над 100 земји во светот. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб страницата на УСАИД Македонија USAIDMacedonia Website и страницата на Фејсбук USAID Macedonia Facebook.