УСАИД и Градот Скопје основаа Локален економско-социјален совет

УСАИД и Градот Скопје основаа Локален економско-социјален совет
УСАИД и Градот Скопје основаа Локален економско-социјален совет

For Immediate Release

Wednesday, December 18, 2013
Билјана Величковска
+389 70 367 547
На 18ти декември 2013 година, проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС)“ го основа Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на градот Скопје.
Проектот на УСАИД Мрежа ЈЕС помогна да се основаат ЛЕСС во Струмица, Штип, Тетово, Гостивар, Битола и е исто така партнер на Економскиот совет од Прилеп. Советите ЛЕСС како членови вклучуваат претставници на работодавачите, работниците, Агенцијата за вработување, образовниот сектор и граѓанското општество. Овие совети го олеснуваат јавно-приватниот дијалог со главен акцент на вработувањето на младите и трендовите на пазарот на трудот. Секој ЛЕСС го советува својот Општински совет во врска со овие прашања и изготвува препораки коишто соодветствуваат на локалниот контекст.
„Знаеме дека ова се амбициозни цели, но исто така веруваме дека тие можат да се достигнат. Намалувањето на стапката на невработеност во Македонија е клучно за нашата поширока цел на помагање на Македонија во развивањето на својата економија,“ рече Директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стајн.
Проектот на УСАИД Мрежа ЈЕС ќе го поддржува Советот и ќе работи на градење на неговите капацитети со цел тој да доставува значајни препораки до Градот Скопје.
 
БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИКОТ:
 
Американскиот народ, преку УСАИД, од 1993 година наваму, во Македонија има вложено преку 500 милиони УСД. УСАИД работи со граѓаните на Македонија за да создаде работни места, за да ги зајакне демократските институции и практики, за да го подобри интегрираното образование и за да ги подготви учениците за работната сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации, ве молиме посетете ја страната http://macedonia.usaid.gov и страната на УСАИД на Фејсбук http://www.facebook.com/USAIDMacedonia.
Проектот Мрежа ЈЕС на УСАИД го спроведува Центарот за развој на образованието, глобална непрофитна организација посветена на подобрување на учењето и унапредување на здравјето. Проектот соработува со Агенцијата за вработување, средните стручни училишта и невладините организации кои работат со младинци со цел да им помогне на учениците од последната година на образование и невработените младинци преку кариерно советување, обука за подготовка за вработување и за работа и водство, како и искуства на учење преку работа како практикантство, практична работа и претприемнички активности. Сите тие се развиени за да им помогнат на младите луѓе да влезат во светот на исполнувачка и продуктивна работа.
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ